Search

Мицкоски: Ова е историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ, видовме кој е прегазен на овие избори

И покрај тоа што Гордана Силјановска Давкова во првиот круг од претседателските избори освои околу четири илјади гласови помалку од Стево Пендаровски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека Силјановска и неговата партија се апсолутен победник во првиот круг.

-Апсолутен губитник на овие избори е Зоран Заев и СДСМ. Не само анализа ако правиме виза ви локалните избори 2017-тата година туку и предвремените парламентарни избори 2016-та година. За мене е поважно што граѓаните на Република Македонија не дозволија повторно да бидат излажани од страна на овој политичар и од страна на таа политичка гарнитура. ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова е апсолутен победник и има освоено 42,5 проценти од гласачите кои излегоа да гласаат и тоа е завршено. Во 47 општини Силјановска е победник. Силјановска апсолутно го порази Пендаровски. Еве видовме кој е прегазен на овие избори. За мене ова е историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 24.

Тој кажа дека ако се зборува од математички аспект тогаш се гледа дека апсолутен губутник на овие избори е Зоран Заев и СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави