Search

Мицкоски: Нам ни треба робусна реализација на капиталните инвестиции за да има повеќе пари во стопанството

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на телевизија 24, потенцираше дека буџетскиот дефицит во Македонија за првите шест месеци е над 26 милијарди денари или во превод власта повеќе трошела отколку што заработила.

Проблемот е што денеска еве јас имам алармантна бројка да речеме во првите шест месеци од оваа година имаме буџетски дефицит од прилика 26 милијарди денари нешто над 420 милиони евра. Значи повеќе е потрошено отколку што е заработено, еве вака да им биде на гледачите  појасно. И ако вака продолжи со оваа динамиката ги гледам параметри и во јули месец во првите неколку дена не се некакви, до крајот на годината можно е нашиот буџетски дефицит да биде 80, 90 милиони евра, вели Мицкоски.

Јас се слагам кога би имале реализација на капиталните инвестиции исто така според планот. Они предвидуваат 8 проценти како што вие велите, но комплетна реализација на сите ставки на буџетот. Ние имаме денеска реализација на капитални инвестиции од 20 проценти, а имаме реализација на буџетски дефицит од 60 проценти во првите шест месеци. Да ја се слагам да го направиме тој буџетски дефицит ако имаме робусна реализација на капиталните инвестиции, а од друга страна рационализација на расходите за партиски вработувања, мебел, услуги итн, итн.

Мицкоски истакна дека е потребна робусна реализација на капиталните инвестиции за да има повеќе пари во стопанството, потенцирајќи без робусна реализација на капиталните инвестиции ние само можеме да тињеме и да одиме се подлабоко во ова политичко мочуриште.

Знаете која беше одлуката на сите држави во Европа прва во криза, робусна реализација на капиталните инвестиции, без тоа ние ништо не можеме. Тука згрешивме ние. Без да имаме робусна реализација на капиталните инвестиции ние само можеме да тињеме и да одиме се подлабоко во ова политичко мочуриште и  кога само уште една реченица кога кажува Светска банка и ММФ 8 проценти, предвидуваа дека ние ќе имаме 80, 90 реализација на капиталните инвестиции.

Па видете вие во локалната самоуправа каква е реализацијата, е тука ќе застанам. Појдете на автопатот Кичево Охрид и да видете каква е ситуацијата. Појдете на експресните патишта каде што имаше финансиска конструкција каква е реализацијата, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави