Search

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат најмалку 13 црни сценарија за Македонија, еве кој се…

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат најмалку 13 црни сценарија за Македонија

Христијан Мицкоски во улога на раководител на ВМРО ДПМНЕ продолжува да ги брани криминалот и поделбите, со единствена мисија да го кочи напредокот на Република Македонија.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат најмалку 13 црни сценарија во коишто сакаат да ја турнат Македонија.

1. ВМРО-ДПМНЕ сака Македонија да остане изолирана и затоа се обидува да го кочи пристапувањето во НАТО и ЕУ.

2. ВМРО-ДПМНЕ единствено сака да се избори за амнестија за криминалот на фамилијата.

3. ВМРО-ДПМНЕ е навикнато да ги малтретира гласачите, па сака да го ускрати нивното право на референдум да одлучат за сопствената за иднината на државата.

4. ВМРО-ДПМНЕ не сака независни медиуми и затоа пред референдум го блокира носењето на Законот за медиуми.

5. ВМРО-ДПМНЕ сака небезбедни граници, конфликт и неизвесност, затоа е против НАТО и ЕУ.

6. ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во минатото и зборува само за небиднина, наместо за иднина.

7. ВМРО-ДПМНЕ си го бара минатото со партизирани институции каде администрацијата е под диктат, затоа се против европските реформи.

8. ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да се врати времето на Сваровски судството.

9. ВМРО-ДПМНЕ шири поделби и граѓаните ги дели на наши и ваши, на Македонци и неМакедонци.

10. ВМРО-ДПМНЕ жали по сомнителни иневститори како Субрата Рој.

11. ВМРО-ДПМНЕ поддржува насилство, и уште полошо, бара амнестија за насилниците од 27 април.

12. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и неговите ментори сакаат минато, за повторно нелегално да прислушуваат и да им дишат во врат на илјадници граѓани.

13. ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и фамилијата сакаат да го крадат сопствениот народ преку провизии и криминални тендери, сакаат држава без ред и затоа се против ЕУ и НАТО.

Македонија одамна ги надмина 13те црни сценарија на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Волјата на граѓаните повторно ќе биде конечна и јасно определена за напредок, правда и квалитетен живот.

ВМРО-ДПМНЕ има 13 причини да ја држи Македонија во заложништво, но граѓаните имаат илјадници причини да кажат ДА за македонската иднина.

Треба да знаете
Последни објави