Search

Мицкоски и Ахмети се договориле прв премиер Албанец да биде Еленовски

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го финишираат со договорот да формирање нова Влада, објави порталот Лајм, повикувајќи се на партиски извори.

Лајм пишува дека според нивните извори, единствената „задача“ на Христијан Мицкоски сега е да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев, да поддржи влада со премиер Албанец.

Истите извори за порталот велат дека Ахмети и Мицкоски се согласиле дека прв премиер ќе биде Лазар Еленовски, кој ќе се декларира и за Албанец и за Македонец. На овој начин ДУИ ќе има образложение дека го реализирала барањето за премиер Албанец, а и во членството на ВМРО-ДПМНЕ нема да има револт, затоа што за Еленовски ќе биде јасно дека „изјавата дека е Албанец е само за потребите на дневната политика“, пишува „Лајм“.

Треба да знаете
Последни објави