-Да, точно е. ВМРО-ДПМНЕ има материјали кои што докажуваат како е вршена трговијата со гласовите на овие луѓе или директно или преку посредници. И сега вие веднаш можете да ми поставите прашање, зошто не ги предадете во ОЈО или зошто не отпочнете судски постапки. Може и тоа да се случи, но за тоа да се случи за да бидеме сигурни дека тие докази навистина ќе бидат употребени во насока на бранење на правото и излегување на правдината на виделина ние треба да имаме реформирано судство, а не Рускоска обвинителство и Кацарска судство. Судии и обвинители снимани две години, никој не знае кој ги снимал, зошто ги снимал итн. Немаме едноставно доверба каде и кому да ги процесуираме овие материјали. Инаку да имаме докази каде преку посредници се нуди ова и она, вели Мицкоски.