Search

Мицкоски до Мичел: Договорот од Преспа е неприфатив за ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до Мичел: Договорот од Преспа е неприфатив за ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во писмо до помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, го отфрла неговото барање ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот од Преспа.

„Овој Договор е штетен за интересите на мојата нација и татковина и како таков е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во писмото на Мицкоски.

Тој образложува дека процесот на преговори со Грција бил воден авантуристички и нетранспарентно, дека референдумското прашање било двосмислено и оти референдумот не бил успешен.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во писмото наведува дека не верува оти Договорот ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот.

Мицкоски изразува надеж дека Македонија многу скоро ќе биде дел од НАТО и ЕУ, но како што вели, горда и достоинствена.

Вчера помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, му испратил писмо на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кое му порачува дека САД се разочарани од позициите на челниците на оваа партија, вклучувајќи го и него лично.

“Како што веќе разговаравме, Соединетите Држави силно веруваат дека Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција е историска можност за Македонија да обезбеди посветла иднина и да придонесе кон регионалната безбедност, стабилност и просперитет, наведе Мичел.

Треба да знаете
Последни објави