Search

Мицкоски: Да избереме човек кој никогаш не ја разочарал земјата

Македонија се наоѓа на крстосница, а секогаш ваквите мигови бараат сериозни одлуки од кој зависи иднината на нашата татковина, зависи заедничката судбина на многумина чии животи денес поминуваат во неизвесност, во мачно трагање кон подобар живот, со секојдневна главоболка да се обезбеди сигурност и основна егзистенција за своето семејство. Секојдневието се претвора во борба со животот, решавање на напластени проблеми и неретко секој еден граѓанин го обзема чувството дека води борба со ветерници, дека иако го дава најдоброто од себе, иако прави се за да победи во животот, тој постојано губи, а доживува удари не затоа што е неуспешен или недоволно квалитетен, туку затоа што општеството е труло, затоа што вредносниот систем е разоран и се чини дека се е против него. Тој поединец не е неупешен човек, туку тој ја има судбината да живее во неуспешна и заробена држава, рече Мицкоски. Неговиот говор може да го проитате на следниов линк Мицкоски: Да избереме човек кој никогаш не ја разочарал земјата

Македонија нема повеќе време за губење, и нема повеќе причини за залудно трошење на уште животи за да чекаме да дојде подобро. Тоа мора да биде сега и веднаш. И имаме огромна причина за сето ова, имаме огромен мотив за нашата борба. Нејзиното име го изговараме со огромна почит со огромна емоција која доаѓа од нашето срце и која допира и до нашите корени, нашите дедовци и прадедовци,  она што сме,  збор кој и во 21-от век ни создава немири. Но ние ќе опстоиме за неа ќе опстоиме за Македонија! За Македонија! За честита Македонија!

Треба да знаете
Последни објави