Search

Мицкоски: Гледате како Заев бара 30 дена вонредна состојба, а другиот ден бара брзи избори

Во своето гостување во емисијата „Клан Дебата“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека барањата на Заев создаваат конфузија кај граѓаните бидејќи најпрвин бараше вонредна состојба, а веќе другиот ден бара избори. Со ваквите негови несериозни изјави посочува Мицкоски, создава одбивност кај граѓаните кои велат дека за политичарите најважна е фотелјата.

„Вие не можете да барате вонредна состојба 30 дена, а од друга страна да барате избори. Не е чесно, не е во духот човештвото и не е во духот на демократијата. Не можете на тој начин да настапувате пред граѓаните, не сте сериозни, настрана што они може да не обвинат и политиканство да тераат, и стратегија политиканска, ваква или таква, тоа е нивно. Но во очите на граѓаните, чувството кај граѓаните, го гледаат како бара 30 дена вонредна состојба, следната негова изјава избори час посокоро. И веднаш се создава конфузија и тој човек кога ќе се соочи со ваква изјава на полтичар кој што во едниот момент вели дека нешто не е во ред со нашата околина, а од друга страна бара избори, логично е да се создаде одбивност и да рече види ги овие политичарите на сите им е до фотелјите“, вели Мицкоски.

„Имаше една изјава од директор на Центарот за јавно здравје кој рече дека треба две недели да имаме нула пациенти па потоа да зборуваме за избори, таа изјава како да исчезна. Еве сега пак надлежните велат бројката ни се зголемува, а од друга страна Заев вели ајде на избори. Може да замислите тогаш што ќе ни се случи ако има гласање, ќе се отворат штабовите, ќе почне кампања“, рече Мицкоски.

„Здравјето пред се и тоа е нешто што не се менува, а одлуките ги носиме по мислење на експертите. Не може да имате ограничување на движење два дена, а потоа да велите ајде одиме на избори“, посочи Мицкоски.

Тој реќе дека граѓаните гледаат како власта бара вонредна состојба, а веднаш потоа да се оди на избори.

Мицкоски во своето гостување посочи дека мора да има период кога граѓаните од оваа состојба на ограничување, вонредна состојба ќе имаат период на адаптација, период на транзиција, пред да можат политички да носат вистинска одлука.

Мицкоски во своето гостување порача:

„Ако вие влезете во еден изборен процес каде што веднаш од вонредна состојба во изборна кампања ќе се сложите дека нема да бидат кредибилни избори“.

 

Треба да знаете
Последни објави