Search

Мицкоски: Во Европа ќе влеземе не со свиткана кичма, туку исправени, горди и достоинствени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Битола истакна дека победата на ВМРО-ДПМНЕ на 15 јули ќе биде реалност.

„Знам дека во минатото многу политичари тука ветуваа дека ќе донесат живот, но матрицата на СДСМ пред се била да се служат со лаги и манипулации предизборно, а потоа следи национална распродажба, криминал и нормално манипулација во судството за да се спасат од претходните злодела. Веќе 18 години СДСМ не знае за изборна победа на парламентарни избори од онаа во 2002 година, значи детето се родило пораснало, денес ќе гласа, а не се сеќава на парламентарна победа на СДСМ. Убеден сум дека таа низа ќе продолжи, ќе има победа на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

На граѓаните на Битола, Мицкоски им порача дека сега е тој момент,  кога треба судбината треба да се земе во раце и да се покаже како што дека „дека можело се да биде поинаку, знам многу работи не разочарале, но тогаш треба да сме најсилни, треба цврсто да застанеме на нозе и да продолжиме да се бориме и веруваме во огромна победа на 15 јули, огромна победа е пред нас“.

„Многумина ќе не обесхрабруваат, многу ќе велат попусто е ова, но тоа треба да не мотивира, затоа што нашата цел е племенита, вреди оваа битка за нашите потомци, нашата борба против овие кои ја парчосуваат Македонија, тука пред се мислам на заканите и уцените на пандемијата која за жал поради лошите мерки има продолжен ефект, но тоа треба дополнително да не мотивира. Македонецот се борел и со помоќен непријател, но тогаш победувал, така ќе биде и на 15 јули и ќе одекне громоглансо во Европа победата на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СДСМ можеа, да можеа, во минато свршено време да направат нешто, барем малку од тоа што ветуваа, но и да тие можат како што рече „повеќе да мамат, да крадат,  да донесат омаловажувања, срам“.

„Може повеќе да работат, но прво, не сакаат, второ не умеат, не умеат ништо да сработат. Каде се 30.000 денари просечна плата, ако сакаа можеа да ги подобрат условите во економијата, велеа ќе биле сите привилегирани и домашните и странските инвеститори, а јас не познавам домашен инвеститор, или странски, кој е задовол и кој на дневна основа не се жали и кој не вели полошо не може. Не се води држава со сликање по светот, туку треба да се засукаат ракави, да се работи, да се слушне народот, а потоа да се донесат и спроведат мерки. Можеа да донесат и правда и мир. Но, наместо правда донесоа Луи Вутон куферчиња, „трас трас“ пресуди, наместо мир, донесоа немир на семејствата на оние кои ги положија животите бранејќи ја државата во Диво насеље, донесоа немир во душата на родителите на децата кои страдаа кај Смилковско, ветуваа правда,  а прво ги ослободија сторителите на тој чин. Гледам немир во душата и очите на граѓаните“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во партијата не се волшебници да направат нешто преку ноќ, но оти ветуваат многу чесна работа и дека избраните од народот ќе бидат меѓу народот, со народот во парковите, на улиците и да ја обноват државата, посочувајќи „не смееме да го изневериме народот“.

Мицкоски повтори дека за четири години ќе ги зголемат платите за 25 проценти, пензиите за 20 проценти, ќе има 1000 километри нови реконструирани регионални и локални патни патишта, а оти не можат да ветат алпски воздух преку ноќ.

„Ќе вложуваме во образование зошто ни треба нова авангарда која ќе не движи напред кога зборуваме за национално достоинство и гордост нема историска комисија која ќе не натера да преговараме за Гоце, Даме, Питу, Тодор, нашиот јазик се учи на 160 универзитети и тој што не почитува ќе ни го почитува и јазикот, а во Европа ќе влеземе не со свиткана кичма, туку исправени горди и достоинствени“, рече Мицкоски.

Тој ги повика битолчани да гласаат за листата предводена од маестро Игор Дурловски, кој како што рече „е почитуван дома, а сакан надвор“.

Мицкоски заклучи дека на 15 јули ќе дојде обновата на Македонија, и оти само чесни луѓе можат да градат чесна и достоинствена, исправена Македонија.

Треба да знаете
Последни објави