Search

Мицкоски во Гевгелија: Заев донесе мрак и црнило

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера беше во посета на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија, каде се сретна со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Тој пред присутните истакна дека владата на Зоран Заев и СДСМ на граѓаните им донела мрак и црнило, наместо подобри услови и стандарди за живот. Според него ова што го создава актуелната власт е само обид да завладее молк и да царува стравот помеѓу граѓаните во Република Македонија, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа“, соопштија од партијата.

„И овие црнила се со цел создадени, за да завладее молкот, за да царува стравот, за да доминира беспарицата, за да владее болката и неизвесноста, за да не се зборува за неправдите, за да не се делува против обесправеноста, сиромаштијата и давачките, црното здравство, образованието кое нема квалитет, земјоделието кое се урива, младите кои си заминуваат за да не се вратат. Ние ќе го победиме стравот, ќе го прекинеме молкот, ќе ја победиме црнината“, рекол Мицкоски.

Мицкоски се осврнал на економските политики на владата на СДСМ и Заев, потенцирајќи дека македонската економија доживуваат целосно фијаско.

Зборувам за економското фијаско, зборувам за сите овие црнила и темнини кои што ни се случуваат, сите овие лаги целиот овој неморал, целиот овој криминал што се случува во македонското општество. Сето ова тонење кое што се случува не само морално туку и економски, општествено секако тонеме по во било кој параметар“, рекол тој.

Треба да знаете
Последни објави