Search

Мицкоски: Во ваква форма, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за корупција

ВМРО- ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за корупција во форма како што сака да го протурка власта, соопшти лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Тој се надева дека СДСМ ќе се повлече од најавата законот да се стави во собраниска процедура со европско знаменце и да се донесе по скратена постапка.

-Овој закон е исклучително важен и треба да ја добие поддршката од сите политички партии. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање. Нашите забелешки се принципиелни и беа изложени на работната група во рамки на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ има аргументи кои се во согласност со ГРЕКО и со меѓународното право и подготвени сме да ги аргументираме каде било, кога било и со кого било од нашиот политички противник. Основен принцип на овој закон е формирање нов чадор што би служел во подоцна фаза за притисок врз политичките неистомисленици,рече Мицкоски подвлекувајќи дека во ваква форма нема да го поддржат законот.

Треба да знаете
Последни објави