Search

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се откажува од парите за кампања

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се откажува од парите за кампања

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својата Фејсбук страница напиша дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од владините средства за референдумска кампања. Лидерот на опозициската партија побара парите да се инвестираат во тетовското училиште, посочувајќи дека кампањата ќе ја водат со свои сили и средства. Во однос на чинот на гласање и учество на референдумот, кој треба да се одржи на 30 ти септември, Мицкоски повтори дека конечниот став на партијата ќе биде соопштен кога ќе биде дефиниран.

“ВМРО-ДПМНЕ со сопствени сили и средства, наогајќи потпора во народот, кој е столбот и вистинскиот извор на власт и легитимитет во оваа земја, пред се одејќи од врата на врата, од дом во дом, во маалата, градовите, селата, ќе учествува во кампањата и ќе биде против овој договор, и во моментот кога ќе го дефинираме конечниот став во однос на самиот чин на гласање, учество на референдумот, истиот ќе биде соопштен на граѓаните”, пишува Мицкоски на својот профил на фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави