Search

Мицкоски: Бараме итно укинување на законот за пазарџиите, доста е со манипулациите и понижувањата

Денеска сме овдека заедно со пазарџиите и разговаравме за проблемите кои што ги имаат, разговаравме за новото законско решение кое што го донесе Владата на СДСМ и ДУИ, го слушнавте, го видовте впрочем револтот и вие од ова законско решение, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на пазарџиите.

-Она што уште е потрагично е што не се обидува да се најде вистинско решение за проблемите на овие луѓе, туку истото се пролонгира за една дополнителна година. И се обидуваат повторно со игра на ниски страсти да манипулираат со овие луѓе така што би ги обезбедиле да речеме нивните гласови за следните претседателски. Јас верувам дека ќе се одважат еве денеска е петок, рекоа дека ќе донесат одлука и за предвремените парламентарни избори, вели Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата „За подобра Македонија“ и пратеничката група во рамките на Собранието поднесе закон со кој што бара укинување на ова законско решение по итна постапка.

-Ќе се организира јавна расправа, на истата јавна расправа ќе бидат поканети и луѓето тука од пазарите во Република Македонија да можат да си ги кажат маките, и да можат политичарите од владата да ја слушнат вистинската вистина и вистинските сведоштва на овие луѓе за сите овие проблеми со кои што они се соочуваат. А, не само да ветуваат пред избори, а потоа фино залегнати со топлинки, и навлечени во кожни фотелји да носат законски решенија од ракав што не само што не се функционални туку и носат зло за оваа категорија на граѓани.

Доколку СДСМ и ДУИ одлучат денеска еве рекоа, еве петок е, да има предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе победи на тие предвремени парламентарни избори. И една од првите одлуки на таа нова влада ќе биде укинување на ова законско решение доколку не успееме сега во рамките на парламентот да го убедиме парламентарното мнозинство дека е овој штетен закон и дека веднаш треба да ја прифатат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на овој закон, а не продлабочување на кризата, манипулирање по принципот на ниски страсти и одложување за една година на маката на овие луѓе, рече Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави