Search

Мицковски: ВМРО-ДПМНЕ е против шверцерска аболиција или помилување за политичари кои се огрешиле

СДСМ може на шверцерски начин да договара, да притиска, да уценува и да корумпира судии, да тера приватни агенди за аболиции, но јас и ВМРО-ДПМНЕ не поддржуваме такви криминални одлуки, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на собирот во Кочани во рамки на кампањата „Разговори за обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма”.

– Заев и СДСМ разочараа многу наши сограѓани кога поверуваа дека е дојден денот кога правдината и правото ќе владеат во Македонија. За жал, сето тоа беше една нивна алатка да вршат притисок, да уценуваат политичари, да рекетираат бизнисмени. Затоа денес „зад завеса” се договараат со оние остатоци кои ги направија уставните измени во Собранието, и сакаат на мала врата, преку Уставниот суд да ја реактуелизираат аболицијата, а притоа виновно да биде ВМРО-ДПМНЕ. Криминалецот има само криминален ум и ништо повеќе, а ние тоа нема да го дозволиме. ВМРО-ДПМНЕ е против каква било шверцерска аболиција или помилување на политичари кои се огрешиле на каков било начин. И не само на политичари, туку на секого, без разлика од која партија е, ако ги прекршил законите, се осрамотил пред граѓаните, треба да сноси одговорност. Нема ниту еден Стево Пендаровски да ве спаси господа од СДСМ, од прв до последен ќе одговарате за злоделата што им ги направивте на народот и државата, истакна Мицковски.

Треба да знаете
Последни објави