Search

Михаела се излекува од Ковид-19: Денеска пеам за лекарите и пациентите на Инфективна

Целиот Свет е погоден од коронавирусот. Бројот на заразени секој ден е се поголем на глобално ниво. Во Македонија има 354 заразени додека бројката на излечени е 17 лица. Скопјанката Михаела се избори со овој вирус и на својот Фејсбук профил постираше видео каде што пее за лекарите и пациентите од Инфективна клиника.

-Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејки своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се се уште во болница. Ова е за вас, напиша Михаела.

https://www.facebook.com/MihaelaJanevska/videos/3419701094723625/?t=61

 

Треба да знаете
Последни објави