Search

Мистер Биг го нема во новото продолжение на „Сексот и градот“

Во новото продолжение на хит-серијата „Сексот и градот“ што моментално се развива за стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ го нема мистер Биг, човекот кој го украде срцето на Кери Бредшо.

Инсајдери за „Пејџ сикс “ изјавија дека Крис Нот (66) нема да биде вклучен во новиот проект And Just Like That (И просто, така), серија во 10 епизоди што ќе се емитува на „ХБО макс“.

Крис Нот го портретираше Џон Џејмс Престон, шармантниот бизнисмен кој подоцна ѝ стана сопруг на Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) во серијата и во последователните филмови.

Двата лика сè уште беа во брак на крајот на вториот филм („Сексот и градот 2“).

 

Треба да знаете
Последни објави