Search

Мисајловски: Се обврзуваме да ја намалиме невработеноста за 10 проценти

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на изборната единица 2 Владо Мисајловски, денеска на четвртиот ден од предизборната кампања, на средба со жителите од населените места Железара , Хиподром и Маџари од општина Гази Баба изјави дека криминалот, рекетот и корупцијата се  реалноста изминатите три години со СДСМ на власт.

Секој ден има нов случај на рекет и корупција, некои луѓе станаа милионери, додека нас ни велат да седиме дома, тие на владина седница со уредба поминуваат лиценци за марихуана, ете таква власт имаме. Додека ние размислуваме како да го спасиме здравјето на граѓаните, тие мислат како на некој пријател да им отворат нов бизнис за марихуана. Тоа е реалноста овие три години, изјави Мисајловски.

На средба со пензионерите во Хиподром, Мисајловски посочи дека во програмата Обнова за Македонија се предвидени 1000 проекти кои значат решение за проблемите на граѓаните, при што додаде дека е предвидено и покачување на пензиите за 20 проценти во еден мандат, намалување на невработеноста под 10 проценти и зголемување на просечната плата.

Сакаме да ви кажеме дека имаме одлична програма сакаме да понудиме многу решенија, сакаме да ги  вратиме пензиите на пензионерите 20 % да се зголемат  во еден мандат, се обврзуваме да ја намалиме невработеноста под 10 проценти, се обврзуваме да ја зголемиме просечната, повеќе работни места за младите за да останат во државата и да ја градат својата иднина тука,  вели Мисајловски.

Мисајловски им порача на граѓаните дека на 15 јули тие гласаат за себе и одлучуваат во каква држава ќе живеат.

Овој пат вие одлучувате на 15 јули, овој пат гласајте вие за себе. Гласајте дали сакате Гоце Делчев да стане Македонец, гласајте дали ние зборуваме на македонски јазик или некоја комисија ќе ни каже дека не зборуваме македонски јазик. Јас тука гордо ќе кажам дека ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик, така било и така ќе остане, кажа тој.

Треба да знаете
Последни објави