Search

Мисајловски до Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ е бренд за проекти, а вие зборувате за нов клинички центар кој го нема

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски носител на листата кандидати за пратеници во ИЕ 2 на вечеаршното гостување на изборната програма на телевизија 21 стави акцент на проектите кои партијата ќе ги реализира во четиригодишниот мандат.

„Започнав со позитивна кампања така и продолжувам и сакам да ги претставам тие околу 1000 проекти, тие значат обнова на инфраструктура, на достоинството, обнова на семејните вредности повеќе средства за граѓаните, а се разбира и многу капитални инвестиции, за граѓаните говориме за повисоки плати, за повисоки пензии, најавиваме дека младите треба да си го најдат местото тука. Многу граѓани се разочарани и апатични од ова што се случува, затоа јас сакам да ги охрабрам сега на овие иабори да излезат да гласаат да видат дека има иднина тука и тоа со конкретни проекти, а не како што работи сегашната власт. Затоа ќе ја бараме довербата со проекти и се обврзуваме дека истите ќе ги реалзираме“, рече Мисајловски.

Мисајловски посочи „ние одиме со ветувања и со 1000 проекти, не нудиме брда и долини затоа што се обврзуваме да ги исполниме ветените проекти“.
Мисајловски во дебатата му одговори на техничкиот премиер, Оливер Спасовски кој е носител на ИЕ 2 од СДСМ.

„Мислев дека ќе биде поинаку, но продолжува техничкиот премиер по старо. Кога одите кон Куманово тој пат го направи ВМРО-ДПМН, јас ветувам реални проекти, а не виртуелни како вас. Вие најавувате дека постои нов клинички центар, а не постои, исто како што најавувате 100 илјади денари плата за докторите, и тие не постојат, велите 500 километри автопати, а тие не постојат. Ако вие навредувате, јас нема да ве навредам“, рече Мисајловски кој укажа дека проектите на ВМРО-ДПМЕ се видливи.

„Заблуда е тоа што го велите дека ако се вратело ВМРО-ДПМНЕ ќе немало проекти, ние ќе останеме бренд за проекти“, кажа Мисајловски.

Треба да знаете
Последни објави