Search

Мисајловски : Да го смените стаус квото во земјава

Носителот на изборна единица 2 на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија “ Владо Мисајловски денеска беше во посета на населеното место  Даме Груев во општината  Ѓорче Петров  од каде порача дека СДСМ нема да успее да  всее страв кај граѓаните  и дека победата е и повеќе од очекувана за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“

„ Гледате сакаат да не уплашат да идеме на терен да престанеме да си ја тераме онаа задача која што си ја имаме во срцето . Никој нема да успее да ме запре . Поздравете ги во цело Ѓорче видете само колку сте тука . Тоа значи дека Ѓорче Петров и ВМРО ДПМНЕ е нај патриотското место, најдобрата општина во Македонија и нека не ми се налути некој сепак е тоа моја општина . Прекрасна е цела изборна единица два но ве замолувам да го направиме најголемиот резултат тука во Ѓорче Петров па да одекне во цела Македонија како се сака Ѓорче и како се сака Македонија.„ појасни Мисајловски.

Мисајловски како носител на изборна единица 2 кажа дека граѓаните не смеат да дозволат да дојде неспособното  СДСМ на власт и апелираше до сите граѓани да излезат да гласаат потенцирајќи на  почитување на  сите мерки и препораки за заштита.

„ Стоиме гордо исправено да се видиме со луѓето да разговараме па после да им помогнеме . Овие ништо нема да им помогнат . Ќе поминат годините  еве гледаме три години поминаа ништо не се случува , не дај Боже да добијат уште еден мандат ништо нема повторно да се случува они ќе се наполнат со нови торби ќе се заборават граѓаните. Ајде сите заедно да го смениме тоа , знам дека е тешко на дистанца се гледаме на дистанца разговараме пандемија има но да ги замолиме сите да излезат да гласаат“ потенцираше Мисајловски.

Дополнително Мисајловски порача дека ВМРО ДПМНЕ и  коалицијата „За Обнова на Македонија “ има мерки и проекти за помош на секој граѓанин и дека ниту еден граѓанин нема да биде заборавен.

„ После 15- ти да дојдеме тука и од Даме Груев да почнеме да ја славиме победата во цела изборна единица 2 и да одекне во цела Македонија дека ниту еден човек што ни помогнал ниту еден човек што ќе се приклучи и ќе ни помогне да не го заборавиме . И после 15-ти  повторно да дојдеме во овие средини да разговараме со вас„ истакна Мисајловски.

Мисајловски во посета на населеното место Кисела Јабука во општина Ѓорче Петров, истакна дека оваа власт не бира средства, со оваа власт можно е да го изгубиме македонскиот јазик и Гоце Делчев да не биде повеќе  Македонец, тoj им заблагодари на граѓаните за нивниот придонес и порача дека е време да се исправат сите неправди.

-Знам дека тука луѓето се храбри и ќе покажат што значи да се сака Македонија , од другата страна имаме партија којашто е на власт и не бира средства како да остане на власт, се што е можно ќе прифати , можно е македонскиот јазик да го изгубиме, Гоце Делчев да не биде Македонец, единствен спас е гласот за обнова, посочи Мисајловски.

Тој им порача на присутните жители да го рашират гласот за обнова, да излезат да гласаат на изборите, затоа што ова е единствена шанса да се исправи Македонија.

-Јас сум тука дома, ве чувствувам како фамилија, како едно големо семејство, ова  патриотско население тука кое си ја сака Македонија, имаше доста искушенија овие години, но сега е време да издвоиме една голема победа за обнова на Македонија, вели Мисајловски.

Тој срдечно им заблагодари на граѓаните со аплауз за нивната поддршка и за локалните избори и за претседателските избори, и за се она што го имаат направено и што го прават за Македонија.

Треба да знаете
Последни објави