Search

Мирослав Алексиќ останува во притвор: Судот му одреди уште 30 дена зад решетки

Апелациониот суд во Белград повторно го продолжи притворот за српскиот режисер Мирослав Алексиќ (69) за 30 дена, јавува Танјуг.

Со оваа одлука на судот се оневозможува Алексиќ да го повтори кривичното дело и да влијае врз сведоците.

Да потсетиме, Алексиќ заврши во притвор под обвинение за силување на актерката Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ додека го посетувале неговото училиште за глума. По нивните признанија, се јавија уште неколку девојки со слична судбина.

– Кога првпат ме однесе во неговата канцеларија, се сеќавам дека еден час зборуваше за женската самодоверба и фаталните жени. Зборуваше за тоа како не постои женска самодоверба, како ветерот може да ја однесе, доволно е да „пукнеш“ со прстите и жената паѓа. Цело време ме гледаше во очи. Во тој момент имав нула самодоверба поради него, но тогаш не бев свесна за тоа – изјавила една од многуте жртви за Алексиќ.

Треба да знаете
Последни објави