Search

Миркуловски со двојна улога продолжува во Вецлар

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Филип Миркуловски ја продолжува соработката со својот клуб Вецлар за уште две години, каде покрај играч ќе биде и тренер-асистен. Миркуловски во германскиот Вецлар е од 2015 година, каде ја има и улогата на капитен.

Искусниот 36-годишен ракометар во наредните две години повеќе ќе ја следи играта на својот тим од клупата, а по потреба и ќе влегува во игра.

-Навистина сме среќни што Филип ќе остане со нова улога и ќе може активно да придонесе во тимот. Тој е вистински професионалец, како на теренот, така и надвор од него. Нашите тренери можат само да добијат со неговото искуство. Миркуловски во иднина ќе му помага на стучниот штаб во секојдневната работа, истакна Бјорн Сеип, еден од директорите во клубот.

Треба да знаете
Последни објави