Search

Мирен протест на учениците и просветните работици во Атина

„Маската не е единствената заштита”; „Дајте пари и за образованието”; „Образование, здравје, безбедност во сите училишта”, се дел од пораките што учениците, родителите и просветните работници ги испратија за време на денешниот мирен протест во центарот на Атина, барајќи да се преземат сите неопходни мерки во училиштата.

Дел од учесниците во протестот во разговор со дописничката на МИА од Атина , објаснија дека она што тие го бараат е да се поделат одделенијата и класовите за да има најмногу 15 ученици, но и да има дополнително вработување на професори и наставници.

-Прво да разјасниме, ние не сме против употребата на маска во училиштата, но маската не е доволна заштита. Не може во секој клас да има по 25 ученици. Немаме доволно професори. Владата треба да одвои пари и за образованието, вели за МИА средношколката Василики.

Учениците, наставниците, професорите, но и родителите протестираа низ централните улици во Атина, како и пред грчкиот Парламент.

Треба да знаете
Последни објави