Search

Министерот Исмаили се сретна со амбасадорот на Чешка

Министерот за култура, Хусни Исмаили, денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан. На средбата стана збор за традиционално добрата соработка во областа на културата која се темели на Спогодбата меѓу министерствата за култура на двете земји потпишана во 2009 година. Беше потенцирана актуелноста на прашањата поврзани со УНЕСКО зашто со Спогодбата е прецизирана и соработката меѓу националните комисии на УНЕСКО во двете земји.

Културите на Северна Македонија и на Република Чешка во сите сфери се длабоко поврзани на институционално и на индивидуално ниво, а последен е успехот што на Прашкото квадринале на уметноста го постигна македонскиот павилјон со наслов „Оваа зграда зборува (на)вистина”. Павилјонот на Република Северна Македонија ја доби главната награда „Златна трига”.

Министерот Исмаили и амбасадорот Заоралек зборуваа за можна идна соработка коjа би била во насока на продлабочување на врските во областа на уметноста и дизајнот, како и во областа на театарот и музичко-сценската  дејност, со создавање услови за потпишување договори за меѓусебни копродукциски проекти.

Треба да знаете
Последни објави