Search

Милјардерката Кајли Џенер ќе гради замок од нејзините соништа

Таа заработи статус на милијардерка, без разлика дали најмлада иле не, блгодарение на нејзините различни брендови.

Кајли Џенер удри камен-темелник за хациенда од нејзините соништа откако минатата година купи парцела од пет акри за 15 милиони американски долари.

23-годишната кралица на козметиката планира да изгради масивна палата од 18.000 квадратни метри во близина на нејзината мајка Крис и сестрата Клои Кардашијан во познатата енклава Хидн Хилс, според „Варајети“.

Преку вон-пазарна продажба на имотот во мај 2020 година, одобрени беа дизајн планови за гаража за 12 автомобили, куќа за гости, штала, објект за стражари со полно работно време, спортски терен и базен. Нема детали за главниот објект, односно куќата во која ќе престојува кога ќе сака да дојде таму.

Кајли не е единствената од таканаречената А-листа на селебрити-личности која купила имот на оваа локација. Мајли Сајрус купи парцела во 2015 година, но не изгради куќа бидејќи го продаде имотот три години подоцна.

Треба да знаете
Последни објави