Search

Милитантите од Ал Шабаб убиле осум патници на северот на Кенија

Милитантите од Сомалија, припадници на групата Ал -Шабаб, денеска запреле еден автобус на северот од соседна Кенија и притоа убиле осум од патниците кои не биле муслимани, соопшти кениската полиција.

Полицијата наведува дека извештаите покажувале дека исламските екстремисти запреле автобус и ги одвоиле тие кои не биле мештани.

Повеќето убиени биле полицајци кои се враќале во своите станици во Елвак и Мандера, пренесоа американските медиуми.

Терористичката група, која е поврзана со Ал Каеда,  ја презеде одговорноста за нападот.

Ал Шабаб најави одмазда во Кенија заради испраќањето свои трупи во соседна Сомалија, за да се борат против оваа екстремистичка група.

Треба да знаете
Последни објави