Search

Милер е најтрофејниот Германец во историјата на фудбалот

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер ја освои 27 титула во кариерата, откако Баварците синоќа ја победија Борусија Дортмунд во Суперкупот на Германија (3:2).

Тој стана најтрофеен Германец во историјата, пред Бастијан Швајнштајгер по бројот на освоени трофеи (26).

Милер има девет титули во Бундеслигата, шест во националниот куп, две во Лигата на шампионите, една од Светското првенство, две од УЕФА Суперкупот, една од Светското клупско првенство и пет од Германскиот Суперкуп.

Треба да знаете
Последни објави