Search

Миленко Неделковски: На врата ми е дојдена полиција да ме уапси

Миленко Неделковски: На врата ми е дојдена полиција да ме уапси

„На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат “покана”, но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога…

Фашистите од режимот на Зоран Заев се решени да апсат и уништуваат по секоја цена.

Дудинка пак, ја маваат до ниво на поракава: “ovie stvarno se reseni da ne i dadat na stranata da se vkluci”.

Нека апсат. Македонија е ппголема и од овој момент и од сите нас заедно.

Смрт на фашизмот – слобода за народот“, напиша Неделковски на Фејсбук.

После ова, го нема со дополнителнен коментар или објава.

Засега, не може да се потврди веродостојноста на напишаното.

Инаку, во петокот Основното јавно обвинителство Скопје информира дека до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г ст.1 од Кривичниот законик. Се работи токму за Неделковски.

„Лицето се товари преку компјутерски систем, во јавноста ширел ксенофобичен пишан материјал со кој промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност. Имено, осомничениот како јавна личност – новинар, на својот јавен профил на една социјална мрежа, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше и човечки жртви. Притоа со коментарот промовирал омраза кон одредена етничка група – Грци кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело, согласно Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години“, наведуваат од обвинителството.

Во текот на истрагата, обвинителот преку службите во МВР обезбедил детален документиран материјал за активноста од корисничкиот профил на осомничениот на социјалната мрежа како и други докази.

Неделковски во текот на истрагата не дал свој исказ во обвинителството бидејќи не било достапен на неговата адреса за да му биде врачена поканата.

„Дополнително, во конкретниот случај, обвинителството имаше увид и во дадените коментари од други лица кон објавениот текст на осомничениот, но притоа оцени дека од кривично-правен аспект постојат основи за постапување само против осомниченото лице, бидејќи тој врз основа на својот општествен статус и професијата која ја извршува, со објавата ги поттикнал останатите коментари во јавноста. Обвинителството, како орган кој ги гони сторителите на кривични дела, по својата поставеност, ги цени законските можности за постапување, фактите и доказите во секој конкретен предмет, како и општествената оправданост за јавнообвинителско постапување, особено водејќи сметка да не ја наруши слободата на изразување“, потенцираат од ОЈО Скопје.

Треба да знаете
Последни објави