Search

Милан подобар од Наполи во дербито на осмото калчолигашко коло

Милан го победи Наполи со 3:1 во дерби-натпреварот од 8. коло на Италијанскиот фудбалски шампионат. На дуелот одигран синоќа во Неапол, Златан Ибрахимовиќ постигна два гола за  миланезите, уште еден погодок постигна Јенс Хауге.

Кај домаќините реализира Дрис Мертенс.

Во 65-та минута, играчот за врска на Наполи, Темуе Бакајоко беше исклучен поради втор жолт картон.

По овој натпревар, Милан со 20 бода е лидер на табелата во Серија А, Наполи со 14 бода е на шестото место.

Треба да знаете
Последни објави