Search

Милан и Интер се договорија култниот стадион „Сан Сиро“ -„Џузепе Меаца“ да замине во историјата

Градските ривали од Милано, италијанските фудбалски великани Интер и Милан, постигнале договор околу изградбата на новиот стадион. Новиот дом на фудбалските великани ќе никне на местото каде што сега се наоѓа легендарниот „Сан Сиро“ кога домаќин е Милан, односно  „Џузепе Меаца“ кога игра Интер.

На овој култен стадион, кој во својата седумдесетгодишна историја веќе помина неколку реконструкции, се одиграа дури четири финалиња на Европските првенства.

Кон крајот на минатата година беше постигнат е „Катадрала“ договорот, како што ќе биде името на новиот стадион.

Планот е целосно да се урне „Сан Сиро“ и на тоа место да се изгради нов, помодерен стадион со намален капацитет. Наместо сегашните 75.000, „Катедралата“ ќе може да прими 60.000 навивачи.

Во моментов се добиваат сите потребни административни дозволи за почеток на работите, додека новиот стадион би бил готов во 2027 година. Трошоците за целиот проект се проценети на 650 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави