Search

Миланов за „Шамари за Центар“: Не би требало да има ништо повеќе од условни казни

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е од старт жртва во тој предмет, бидејќи нема ништо што укажува на него, вели адвокатот Еленко Миланов за „Maкфакс“, пред завршните зборови на обвинетите и Обвинителството во предметот „Насилство во Центар“.

Адвокатот Миланов, кој е бранител на Јанакиески, тврди дека за многу поголеми немири и насилства во земјава како што беа протестите во 2013 година кога беше запален и автобус на ЈСП или кршењето на државен имот од шарената револуција биле досудени условни или ослободителни казни, а, пак, во однос на доказите, потенцира дека снимката од нелегалното прислушување повеќе била толкувана, наместо реално презентирана.

„Звучноста на Миле Јанакиески, покрај другиот за кого што има одлука за амнестија, е да се држи тензија во предметот. Миле е од старт жртва во оваа постапка. Политичката пресија, ситуацијата и сето ова што се случува, би го нарекол духот на СЈО, и она што претставуваше тоа обвинителство како некој што докажува нешто за одредена група луѓе, виси како можност да се донесат ефективни казни. Според казнена и редовна судска постапка не би требало да има ништо повеќе од условни казни во предметот. Но, моментот за политички реваншизам на некакво покажување на моќ и сила може да доведе до поинаква одлука. Не исклучувам ниту една можност, затоа што ако зборуваме за реални услови и докази, поголемиот дел од обвинетите треба да добијат ослободителна, а не воопшто да зборуваме за вид и висина на казна. Но, во нашето судство никогаш не можеш да имаш сигурност или да зборуваш каква би била реакцијата и во без малку идентични ситуации. Се надевам и бил пресреќен доколку судот почне да гледа докази и да одлучува според нив, односно да се ослободи од каква било пресија“, вели адвокатот Миланов.

 

Треба да знаете
Последни објави