Search

Мизрахи: Достоинствена работа за секој вработен

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средба со координаторот на Меѓународната организација на трудот во Македонија Емил Крстановски и проектниот координатор Наташа Мечкароска-Силјаноска.

На средбата се потврди заложбата за натамошна соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Меѓународната организација на трудот.

Во разговорот се направи осврт на клучните предизвици што се решаваат со Програмата за достоинствена работа,  создавање на можности за вработување, адекватна заработка и продуктивна работа, стабилност и безбедност на работа, еднаквите можности и третман во вработувањето.

Достоинствена работа преку подобрување на управувањето со пазарот и преку создавање повеќе и подобри работни места се приоритетот на кој ќе соработуваат Министерството за труд и социјална политика и Меѓународната организација на трудот.

 

 

Одделение за односи со јавност

Треба да знаете
Последни објави