Search

МЗТ Скопје немаше сили да ја тушира Игокеа

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје загуби на гостувањето кај фаворизираната Игокеа (90:96) за седми пораз по девет одиграни меча во регионалната АБА-лига. Игокеа со денешната победа се искачи на шестата позиција со скор од пет победи и четири порази, додека тимот од Аеродром има два триумфи и седум порази и се наоѓа пред опасната зона.

Игокеа беше одлична во нападот од стартот на натпреварот и по пет минути игра стигна до водство од 16:7, додека екипата од Аеродром не се предаваше и по првата четвртина имаше негатива од пет поени (21:26). МЗТ неколку пати ѝ се приближи на Игокеа благодарение на расположените Ајви и Крстевски, но босанскиот тим го засили темпото и на полувреме имаше предност од 56:47.

Жестоката битка продолжи и во второто полувреме, а МЗТ Скопје успеа да се приближи на само два поени негатива во (70:72), по што следеше добар период за екипата на Драган Бајиќ и предност од 81:70. „Штрковите“ не се предаваа без разлика на големата негатива, па успеаа и да направат пресврт (88:86), но не издржаа во финишот кога Игокеа го скрши отпорот на македонскиот тим и славеше со 96:90.

Кендрик Реј постигна 37 поени кај Игокеа, додека Мајк Кафи запиша 21 поен за МЗТ Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави