Search

Меј: Ќе продолжам со мојата мисија за реализација на брегзит

Британската премиерка Тереза Меј по синоќешното гласање изјави дека сега ќе продолжи со својата „обновена мисија” да ја извади Велика Британија надвор од ЕУ.

Во изјава за новинарите која Меј ја даде во Даунинг стрит, таа рече дека е среќна што добила поддршка од колегите, но призна дека значителен број од нив гласале против неа.

Со 200 гласа „за“ наспроти 117 „против“ британската премиерка, Тереза Меј вчерва го преживеа гласањето недоверба. На Меј ѝ е сигурна позицијата една година, период во кој не смее да се одржи повторно гласање недоверба, пренесоа британските медиуми.

Како што се наведува, на Меј ѝ биле потребни најмалку 159 гласа од пратениците од Конзервативната партија за да го преживее гласањето.

Таа претходно на пратениците им порача дека нема да распише вонредни избори и дека планира да се повлече пред следните избори, кои се најавени за 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави