Search

Метју Меконахи стана професор на Универзитетот во Тексас

Метју Меконахи (49) есенва ќе стане професор на Универзитетот во Тексас. Тој ќе предава на катедрата за радио, телевизија и филм. Оскаровецот во 2015 година веќе беше гостин предавач на тој факултет.

Меконахи дипломира во 1993 година на тексашкиот Универзитетот во Остин. Членовите на факултетот рекоа дека ја препознале неговата работа. Тој исто така ќе предава предмети во врска со сценарио на филм за што веќе изготви наставен план и програма.

Предавањата, наводно, ќе бидат засновани на филмовите на Меконахи, како филмот Mud нa Џеф Николс од 2012 година и The Gentleman на Гај Ричи, што треба да се појави на крајот на јануари в година.

Актерот досега имал улоги во повеќе од 50 филма, вклучувајќи ги и „Интерстелар“, „Како да изгубиш момче за 10 дена“, „Волкот од Волстрит“ и „Добри дилери од Далас“, за кои доби „Оскар“ и „Златен глобус“.

Треба да знаете
Последни објави