Search

Мета побара законот за уривање на Националниот театар да биде прогласен за неуставен

Албанскиот претседател Илир Мета попладнево достави барање до Уставниот суд да го прогласи за неуставен Законот за уривање на Националниот театар.

Мета,придруживан од неговиот портпарол Теди Блуши, во изјава за медиумите рече дека одлуката за уривање на објектот на Националниот театар претставува криминален процес и додаде дека е неопходно запирање на овој чин.

Посочи дека албанското правосудство треба да постапува кон „националните и меѓународните преродбеници кои ја оставија земјата без Уставен суд и донеле одлука да го уништат театарот”.

Сакам да ги уверам сите, додаде тој,дека дојдов тука за да гарантирам дека Република Албанија ќе биде место каде ќе владее правото и луѓето.

-Неопходно да се запре овој чин што започна утринава, да дејствува албанското и меѓународното правосудство кон националните и меѓународни преродбеници кои ја оставија земјата без Уставен суд. Ние не сме случајно без Уставен суд. Вината не е кај реформите, тие не ја оставија земјава без Уставниот суд. Не постои сила на светот која моеже да ме запре мене како претседател да ги извадам пред лицето на правдата националните преродбеници( Социјалистите на премиерот Еди Рама),- рече Мета.

Нагласи дека е среќен поради „процесот на декорација што започнал за него”, а се однесува на започната постапка за негово разрешување.

На денешен ден пред две години Мета застана на чело на албанската држава а денес стана порв претседател во историјата на Албанија кој лично доставува приговор до Уставниот суд за неуставност на еден закон.

Албанија без Уставен суд е речиси две години,поради непоминување на осум од вкупно девет судии,колку што брои судот, на проверката за потеклото на имот, познат како ветинг. Има само еден судија и тоа со изминат мандат.

Треба да знаете
Последни објави