Search

Мета го потсетува Баша на обединувањето на српската опозиција да го порази Милошевиќ

Албанскиот претседател Илир Мета, споредувајќи го лидерството на премиерот Еди Рама со поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, го советува лидерот на Демократската партија (ПД), Љуљзим Баша да го следи примерот на српската опозиција, јави тиранската телевизија Ора њуз.

Истиот извор потсетува дека на изборите во септември 2000 година, српскиот претседател бил поразен од Воислав Коштуница, а по неколку дена Милошевиќ бил принуден да признае пораз, по масовните протести и влегувањето на демонстрантите во парламентот.

– Ако опозицијата во Србија очекуваше дека Милошевиќ ќе го осуди Милошевиќ, или да гарантира слободни и фер избори, тој можеби се уште ќе беше на власт, ако не запреше неговото срце. Но, опозицијата донесе вистинска одлука обединувајќи се, соочувајќи се со него и поразувајќи го. Потоа му беа ставени лисици на рацете и беше однесен во судот во Хаг. Значи изборите се единственото решение за демократија и правда, оценува Мета.

Затоа, Мета го повикува Баша да ја обедини опозицијата и да учествува на изборите иако измина рокот за регистрација на политичките субјекти за изборите на 13 октомври. Мета дури и го потсетува лидерот на ПД дека погрешното однесување може да доведе до соучество во поразот на 18 октомври, кога треба да се донесе одлука за почнување преговори за членство во ЕУ.

– Изборите се единственото решение. Само со останување на страната на законитоста и учеството во институциите, опозицијата може да и помогне на земјата, демократијата, правдата и самата себе. Се друго е изговор, алиби и соучество, смета Мета.

Треба да знаете
Последни објави