Search

Мета:Посакувам политичарите да научат за духот на соработка и хармонија од верските старешини

Албанскиот претседател Или Мета упати честитка до сите верници од исламска веросиповест, по повод големиот празник Курбан Бајрам, по посетата на седиштето на бектешката заедница,каде со него беа и претставниците на другите верски заедници.

-Искрен честитки со најдобри желби до сите верници, нашите граѓани, затоа што ова не е само ден на братство и солидарност, туку и многу важен ден, кој нè повикува да правиме жртви за ова братство,посака Мета.

Откако ги поздрави и сите верски старешини, кои, според него, го негуваат чувството на единство и братство, Мета упати силна порака до политиката, нагласувајќи дека посака политиката да учи и да го земе примерот на овој дух на соработка.

-Посакувам и политиката да научи, да го земе овој пример за духот на соработка, разбирање, најголемите интереси на граѓаните, но во секој случај сум убеден дека народот ќе се предводи од оваа хармонија, што ги инспирира овие чесни лидери, кои направија извонредна работа на едукација на граѓаните со најдобри човечки, нацонални и патриотски вредности,изјави Мета.

Додаде дека денес е важен ден за сите за да работат заедно за големата цел што ја имаат албанските граѓани и државата: членство во Европската унија и да ги „отстраниме

што е можно поскоро сите пречки што го попречуваат материјализирањето на овој голем сон”.

Додаде дека ова е единствениот начин младите да не ја напуштаат земјата, но и за оние што заминале да се вратат.

Треба да знаете
Последни објави