Search

Место на отчет пред Советот на обвинители, Русковска со писмо ја обрзложила СМС пораката за судијата

Обвинителката Вилма Русковска денеска нема да се појави пред Советот на јавни обвинители туку испратила писмено образложение за смс пораката што им ја испрати на Апелациските судии кои на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и го заменија притворот во куќен притвор, порака која отвори војна меѓу судиите и јавните обвинители, пишува Фокус.

Претседателот на Советот за јавни обвинители, Ацо Колевски, во изјава за Фокус, објаснува дека тие како Совет побарале писмена изјава од Русковска. Оваа изјава тие ќе ја разгледуваат во текот на денот и се очекува да донесат некаков заклучок или став за нивната колешка, но Колевски вели дека тие законски не можат да уврдуваат одговорност.

„Ние можеме да заземеме само заклучок или правен став во однос на настанот. Утврдувањето на одговорност е посебна постапка, Советот во овој момент нема такви законски ингеренции. Доколку има одговорност, постапката ја покренува државниот јавен обвинител, треба дисциплинска комисија или етичкиот совет да расправа, ние одлучуваме после дисциплинската постапка по жалба. Ние сме крајна инстанца при носењето на одлуката, не сме иницијатори или предлагачи за спроведување на постапка за одговорност“, објаснува Колевски.

 

Треба да знаете
Последни објави