Search

Меси за заминувањето на Суарез: Не требаше да бидеш избркан на ваков начинот

По прес конференцијата организирана за третиот најдобар стрелец во историјата на шпанскиот фудбалски гигант Барселона,  Луис Суарез си замина од „Камп Ноу“ по седумгодишен престој со многу искажани емоции. Уругвајскиот напаѓач ќе остане запишан во Барселона како еден од најдобрите клупски играчи во историјата на клубот.

Суарез буквално беше избркан од редовите на каталонскиот тим и сега кариерата ќе ја продолжи во редовите на Атлетико Мадрид. На неговото простување со клубот беше присутен капитенот и еден од најдобрите играчи на денешницата Лионел Меси кој преку социјалните мрежи се прости од својот соиграч и пријател кој во новата сезона ќе го носи дресот на конкурентот Атлетико Мадрид.

– Ќе биде многу тешко да не се продолжи да се минува времето со тебе и на терените и надвор од нив. Ќе ни недостасуваш многу. Поминавме многу години, многу пријатели, многу ручеци, вечери… Многу работи кои никогаш нема да бидат заборавени, бевме секој ден заедно. Ќе ми биде чудно да те видам во друг дрес, а уште почудно да играм против тебе. Не требаше да бидеш избркан на начинот на кој те избркаа. Но, вистината е дека во овој момент ништо не ме изненадува. Ти посакувам се најдобро во новиот предизвик. Те сакам многу, те сакам многу. Се гледаме наскоро пријателе – напиша меѓу другото Меси во прошталната порака до Суарез.

На прес конференцијата освен Меси присутни беа и Жорди Алба, Џерард Пике, Сержи Роберто и Серхио Бускетс.

Треба да знаете
Последни објави