Search

Мерцедес повторно пред Ферари и во Барселона

Иако Ферари дојде со нов подобрен мотор и други надградби во автомобилот, Мерцедес се покажа недостижен за „Скудерија” барем во слободните тренинзи пред Гран При на Шпанија во неделата.

Валтери Ботас беше најбрз и во двете сесии, оставајќи го клубскиот колега Луис Хамилтон на само 0,049 зад себе во вториот тренинг. Британецот заостануваше повеќе од половина секунда во првиот, но потоа се подобри.

Сепак, заостанувањето на Ферари беше над три десетинки, а Шарл Леклер имаше мала предност во однос на Себастијан Фетел. Очекувања, сепак, беа „Црните коњчиња” да се посилни, бидејќи тие постигнаа одлични резултати во тестовите на истата патека во зима.

Автомобилите на Ред Бул, кои исто така дојдоа со подобрувања запишаа 5-та и 7-ма позиција, откако Макс Верстапен беше на 7 десетинки зад лидерот. Ромен Грожан со Хас ги раздели „биковите” откако го зазеде 6-тото место, а неговиот клубски колега Кевин Магнусен беше 8-ми, што беше одличен резултат за тимот.

Карлос Сајнц со Мекларен и Данил Квјат со Торо Росо завршија вопрвите десет, додека од Рено повторно не беа убедливи, откако двата автомобила дадоа едвај 14-то и 15-то време.

Треба да знаете
Последни објави