Search

Меркел четврти ден во изолација, работи од дома

Германската канцеларка Ангела Меркел, која е во самоизолација затоа што била во контакт со доктор позитивен на коронавирус, се чувствува добро и од дома ги извршува телефонските разговори од претставниците на меѓународната заедница, рече портпаролот на владата, Штефан Зајбер.

„Канцеларката е добро. Таа работи од дома, во постојан контакт е со сите членови на кабинетот и разговорите ги извршува од дома“, изјави тој на прес-конференција.

Портпаролот повтори дека Меркел ќе изврши серија тестови и додаде дека за се ќе бидат известени јавноста и медиумите, пренесе „Ројтерс“.

Во понеделникот беше објавено дека првиот тест на коронавирус на германската канцеларка бил негативен.

Треба да знаете
Последни објави