Search

Меркел на крајот од месецов во посета на Грција

За 29 октомври, според грчките медиуми, е договорена посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина, што ќе биде и проштално патување во Грција. Засега, нема официјална потврда за посета, а минатата седмица, грчкиот весник „Катимерини”, повикувајќи се на свои извори, пишуваше дека на Самитот во Словенија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал тет-а-тет средба со Меркел и ѝ упатил покана, која германската канцеларка ја прифатила.

Весникот пишуваше дека посетата има и симболичен карактер бидејќи „мандатот на Меркел, на некој начин „беше во чекор” со грчката криза, бидејќи соработуваше со Караманлис, Папандреу, Пападимос, Пикраменос, Самарас и Ципрас, кои еден по друг ја напуштија власта”.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, во понеделникот, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека кога ќе постои нешто конкретно околу посетата на Меркел, ќе биде соопштено.

Треба да знаете
Последни објави