Search

Меркел: Жалам за С. Македонија и Албанија, на прашањето ќе се навратиме следната година

„Кога разговаравме за отворањето преговори, за жал, не можевме да постигнеме договор околу Албанија и Северна Македонија. Многу ми е жал за оваа одлука. Ставот на Германија беше да ги започне разговорите ако се исполнат одредени услови, но не постигнавме едногласност.Ние ќе продолжиме да разговараме за ова прашање и се согласивме дека на него ќе се вратиме пред самитот во Загреб следната година“, додала Меркел.

На прашањето зошто Германија била против раздвојување на Албанија и Македонија, канцеларката Меркел рече дека немало многу држави што биле во прилог на одлуката.

„И двете земји направија големи чекори. Процесот на ветинг во Албанија трае веќе некое време, а Македонија направи значаен договор за промена на името. За нас би било попаметно да ги одржуваме државите заедно. Кога ја гледате мапата, сфаќате колку е важно овие земји да станат дел од Европската унија“, рече Меркел.

Треба да знаете
Последни објави