Search

Мексико ги блокира банкарските сметки на осомничените криумчари на мигранти

Мексиканските власти ги блокираа банкарските на дваесетина лица осомничени за поврзаност со трговија со луѓе.

Министерството за финансии соопшти дека разузнавачката служба идентификувала 26 осомничени и оти забележала трансфер на пари од октомври 2018 година. Во тоа време почнаа да се движат првите тајни каравани од Средна Америка кон границата со САД.

– Првичните сомнежи беа дека мигрантите илегално ги плаќале своите превозници, а потоа е забележана поврзаност на поминување на караваните со мигранти со парични дознаки од Салвадор, Хондурас, Гватемала, Камерун, САД и Велика Британија, се наведува во соопштението на мексиканското Министерство за финансии.
Мексико се обидува да ги избегне казнените царини кои Вашингтон планира да ги воведе обвинувајќи дека земјата недоволно го контролира приливот на илегални мигранти.

САД се заканија дека од понеделник ќе воведе такси од пет отсто за цела стока од Мексико, а тој процент до октомври би можел постепено да порасне до 25 проценти.

Мексиканските власти во средата запреа еден караван од 1.200 мигранти од Средна Америка и уапсија 420.

Треба да знаете
Последни објави