Search

Медведев го „пикира” третото место на Федерер

Завршниот тениски Мастерс годинава е поинтересен од вообичаеното, бидејќи освен за трофејот, тенисерите се борат и за што подобар пласман на завршувањето на календарската 2019 година.

Во центарот на вниманието е борбата за врвот, Рафаел Надал ќе се бори да остане таму, а Новак Ѓоковиќ би можел да се врати на чело ако резултатите му одат во прилог.

Но, битка може да има и за третото место на АТП листата. Таму сега е Роџер Федерер, а Данил Медведев може да го загрози. Тие се во различни групи, но ако Русинот го победи Швајцарецот во полуфинале или финале, Медведев ќе биде „светки рекет број 3″, а Федерер ќе падне за една позиција подолу.

Треба да знаете
Последни објави