Search

МВР со детали за синоќешната сообраќајка на Борис Трајковски

Скопјанецот З.Ѓ.(48) и Ш.С. (21) од скопското село Батинци загинале во страотната сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 22 часот на булеварот Борис Трајковски, информира МВР.

Според полицијата, автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Ш.С.(21) директно се судрил со автомобил  „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Ѓ.

Двајцата возачи починале на местото на настанот.

Неофицијално, возачот на „голфот“ возел со 160 километри на час и претекнувал на полна линија по што се забил во „пежото“ кое возело во спротивната лента.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави