Search

МВР објави потерниица по Груевски

Министертсвото за внатрешни работи објави меѓународна потерница по екс премиерот Никола Груевски. Потерницата доаѓа откако полицијата доби известување од Основниот суд Скопје 1 дека судски доставувач не може да го пронајде да му врачи решение веднаш да се упати во затвор.

Полицајци, а со нив и новинарски екипи, првин го побараа на адресата од лична карта, но никој не им ја отвори вратата од станот. Полицијата сè уште е во зградата на Бихаќка и акцијата е во тек.

Оној момент кога ќе го најде, МВР присилно ќе го спроведе во затворот Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

Полицијата дојде пред домот на Груевски, откако тој не се јави во затворот во Шото Оризари на отслужување на двегодишната казна затвор на која е осуден за случајот „Тенк”.

Треба да знаете
Последни објави