Search

МВР и поднесе кривична на директорката на Кожно, Билјановска

Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против директорката на Клиниката за дерматологија Нина Цаца Билјановска. Ова го истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.

Тој изјави дека таа влегла во земјава на 29 февруари од Италија, а коронавирусот и бил потврден на 8. март. Во меѓувреме не ги почитувала препораките за изолација, и одела на работа, па дури била и на симпозиум.

Чулев најави дека покрај неа, кривични заработиле уште неколку лица кои не ги почитувале препораките.

Треба да знаете
Последни објави