Search

Мбапе не седна на маса да преговара со ПСЖ за нов договор

Младиот француски репрезентативен напаѓач од редовите на шампионот ПСЖ е желба на повеќе клубови да го имаат во своите редови. Еден од нив е рекордерот по освоени европски титули, шпанскиот Реал Мадрид, кој има намера да го види 21 годишниот Мбапе во своите редови што поскоро. На таков расплет „кралевите“ можат да се надеваат, бидејќи според шпанска „Марка“   Французинот не прифатил да потпише нов договор со ПСЖ.
Иако францускиот првак ПСЖ му понудил на Мбапе  нов договор до 2025 година и бил подготвен да издвои 25 милиони евра за плата, тоа не го привлекло младиот напаѓач да седната на заедничка маса и да преговараат за продолжување на соработката. Со овој гест Мбапе само највил дека има намера да замине од Париз.
Кон тоа водат и давта последни натпревари на ПСЖ со Нант и Монпелје, на кои тренерот Томас Тухел го повлекуваше од игра, а Мбапе негодувуше.

Треба да знаете
Последни објави