Search

Мајките на мали деца во Истанбул ќе добијат бесплатни билети за градски сообраќај

Мајките на мали деца во Истанбул ќе имаат право да добијат бесплатни билети за користење на градскиот транспорт. Тоа го соопшти денеска градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Вкупно милион и 160 илјади мајки на деца до 4-годишна возраст ќе имаат право на бесплатни билети за патување со јавниот транспорт на Истанбул, објави Имамоглу на Твитер.

Тој додаде дека одлуката била прифатена едногласно од Општинскиот совет на градот.

Треба да знаете
Последни објави